Knight vs Giant: The Broken Excalibur има од сѐ по нешто: интригантна и невообичаена приказна за кралот Артур и витезите на тркалезната маса, уникатни roguelite елементи и динамична акција испреплетена во забавни RPG механики.
Наспроти нашиот прв впечаток, Knight vs Giant: The Broken Excalibur е игра која се труди да ви раскаже интересна приказна и да понуди богат лор поврзан со волшебникот Мерлин, огромниот неуспех кон Камелот и напорите да се врати светот во некаков ред.
Иако не е целосно поддржана од актери, инстантно е јасно дека оние гласови што ги има припаѓаат на исклучително талентирани актери. Низ 15 часовната авантура, поминавме низ непресушна ризница од паметно напишан дијалог кој ја раскажуваа приказната со длабока доза на суптилен хумор.
Замислена како фантазиско-акционен roguelite, играта ја започнувате со кралот Артур, користејќи го искршениот меч – екскалибур и уникатните моќи на паднатите витези на тркалезната маса за да се спротивставите на орди од непријатели, но и предизвикувачки босови (читај: огромни и навидум несопирливи џинови!). Универзумот кој ви се открива во Knight vs Giant: The Broken Excalibur е заснован на рандомно генерирање мапи, но таквото нешто се врши низ четири уникатни биоми кои поддржуваат брзо патување од една на друга рандомно создадена мапа.
Со разноликите непријатели се спротиставувате на најразлични терени и користите бројни оружја и вештини, но доколку сакате далеку да стигнете, тркалање на страна и избегнување удари е од особена важност. За среќа, тука се и бројни фонтани за здравје, како и продавници кои ви даваат привремени, но клучни бонуси, како поголема издржливост или деструкција.
На располагање имате над 100 активни и пасивни способности кои го потпомагаат вашиот арсенал од легендарни оружја. Па така, ќе можете да користе бројни уникатни оружја, но забележавме дека не се баш соодветно избалансирани и со некои оружја многу лесно ќе го исцедите здравјето на босовите, а со некои други оружја едвај ќе им правите штета.
Откако ќе се подобро запознаете со играта, ќе научите што најдобро функционира за вашиот стил на играње и така соодветно ќе се надградувате. За пофалба е системот кој ви дозволува да ги користите останатите витези кои нивната духовна форма ја префрлуваат во ескалибур и во благословуваат сечилото со нови моќи.
Низ Knight vs Giant: The Broken Excalibur ќе собирате и бројни ресурси со кои можете да го надградувате и вашето кралство, како и да да создавате продавници и најразлични статистички бонуси за сите понатамошни авантури. Со текот на времето, вашиот град ќе доживее значителна промена, како од визуелен така и од фукционален карактер. Доколку имате среќа, низ вашите ранови ќе можете и да сретнете уникатни NPS ликови. Дел од нив можете да ги доведете во вашиот дом. Пробајте да ги импресионирате така што ќе инвестирате злато во нив и ќе отклучите корисни подароци.
Knight vs Giant: The Broken Excalibur која зрачи со квалитет, независно од тоа дали се работи за уникатниот графички стил, бројните механики кои допринесуваат до забавна форма со висока вредност на преигрување, или пак одличната музичка подлога која одлично се надоврзува на тоа што се случува на екранот. Knight vs Giant: The Broken Excalibur е игра која знае како да го зграпчи вашето внимание и постојано да ве задева со само уште еден ран. Па потоа уште еден. И уште еден!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Gambir Studio
- Издава: PQube
- Жанр: RPG roguelite акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 5 октомври 2023