Клиника во Шкотска ќе ги рехабилитира трговците со крипто валути

Болницата Castle Craig од шкотскиот град Пебелшир е првата која ќе се обиде да ги излечи трговците зависни од трговија со крипто валути. Болницата е своевиден центар за зависности. Во неа се лекуваат зависници од алкохол, наркотици и игри на среќа.

Според експертите дел од инвеститорите имаат слично однесување и симптоми како и онлајн коцкарите. Трговците имаат слични симптоми и однесување како овие зависници, пренесува NBC.

Како и за секоја нова пронајдена зависност засега нема никаков статистички податок за оваа зависност. Една од карактеристиките е постојаното очекување на следната промена на цената на крипто валутите. Ова можеби и не е изненадување, за пример биткоин ја започна годината под 1 000 долари, за на десетина дена пред крај на 2017 да стигне до 20 000. Оттогаш дигиталната валута падна на околу 7 000 долари.

„24-часовната, ултра-нестабилна природа на пазарите на крипто валути, комбиниран со високо социјалната природа на крипто економијата, за разлика од неколку други финансиски пазари креира огромна возбуда; секако има потенцијал за зависници”, вели Џереми Гарднер од Crypto Castle.

Ве интересира како Castle Craig проверува дали некој е зависник? Ако одговорите потврдно на 5 од овие прашања, можеби имате проблем.

  • Дали поминуваат многу време размислувајќи за различни типови на криптовалентност?
  • Дали на крипто валути трошите многу пари?
  • Дали се обидовте да забавите или целосно да престанете со тргување – но не можевте?
  • Дали станувате нервозен ако се обидете да го намалите времето пред компјутер поврзано со крипто валути?
  • Дали седнувате пред компјутерот и тргувате со крипто валути за да избегате од животните проблеми или да се обидете да го подобрите расположението?
  • Дали продолжувате да тргувате со крипто валути откако ќе изгубите пари – да се обидете да ги повратите парите назад?
  • Дали некогаш сте излажале други луѓе за тоа колку време или пари трошите за крипто валути? Дали некогаш незаконски сте земале пари за да ја финансирате вашата крипто зависност?
  • Дали вашата навика за крипто валути има влијание врз вашите односи со другите луѓе или работа?
  • Дали се обидувате да ги натерате луѓето да ви дадат пари кога ќе ги загубите инвестициите?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments