Финска нуди бесплатни курсеви за вештачка интелигенција

Универзитетот од Хелсинки нуди бесплатен онлајн курс за вештачка интелигенција за сите, насекаде. Курсот треба да им помогне на Финците да се запознаат со вештачката интелигенција, но платформата е онлајн и курсот е отворен за сите.

Организаторите на курсот, Универзитетот Хелсинки и компанијата Reaktor, сакаат да ја направат Финска држава со најобразовани граѓани кога вештачката интелигенција е во прашање. Организаторите се надеваат на 54 000 запишани студенти, а досега се најавени над 24 000. Доколку ја остварат зацртаната бројка, курсот би го следеле 1% од жителите на Финска.

Добра вест е дека курсот е на англиски, и може да го гледате од каде сакате. Дополнително, нема никакви временски ограничување и може да го следите курсот со ваше темпо.

Напредокот кој ќе го овозможи вештачката интелигенција ќе биде поголем од оној кој електричната енергија го имаше во 19 век. „Ова е ново кул откритие. Никој не знае за што ќе го користиме или какво влијание ќе има во праксата“, вели Јанина Фагерлунд од Reaktor.

За завршување на курсот ќе бидат потребни околу 30 часа. На крај сите кои ќе го завршат ќе добијат сертификат, а Финците ќе добијат кредити кои ќе можат да ги користат во својот образовен систем.

„Сите сакаат да научат вештачка интелигенција, бидејќи сметаат дека ќе биде исклучително важна во иднина. Сакаат да знаат како вештачката интелигенција ќе влијае на нивните животи и како ќе може да ја искористат“.

Од досегашните пријави на курсот може да се заклучи дека нема правила. Пријавени се и вработени, и невработени, луѓе помлади од 20, но и 75 годишници. Што се однесува до кариерите, курсот го посетуваат и негувателки, и професори и забари, вели г-ѓа. Фагерлунд за Yle.fi.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk