Колку често ви се случило да си го заборавите или загубите чадорот? Можеби треба да размислите да инвестирате во паметниот чадор Kisha. Станува збор за апликација и чадор во пар кои ќе ви помогнат никогаш повеќе да не го изгубите чадорот, доколку претходно, нормално, не сте го изгубиле и телефонот.
Апликацијата постојано ги потсетува корисниците да не го заборават чадорот, а во случај на можен дожд апликацијата ќе ве извести за ова и ќе ве потсети да не го заборавите чадорот. За жал апликацијата нема да ви помогне да го пронајдете чадорот ако сте надвор од домет, но што сепак помага ако ништо друго да не го заборавите.
Паметниот чадор е веќе достапен во продажба, а можеби цената од 50 евра му е и најголем недостаток, бидејќи што сепак изгледа прескапо за чадор.







