0 коментари 1 мин. читање

Blackberry се врати со Classic, но првите рецензии не се воопшто интересни

BlackBerry Classic се враќа. Компанијата најави дека се враќа на стариот модел на телефони, на кои половина простор е за дисплеј, а втората половина за физичка тастатура. Станува збор за најпопуларниот модел на некогашниот RIM, а сега ќе доаѓа за се чини прескапи 450 долари.

Classic доаѓа со 3,5-инчен екран со резолуција 720х720 пиксели, што можеби беше во ред кога излезе телефонот, но во време на 5-6 инчни дисплеи е минијатура. Остатокот на хардверот не е премногу за фалење, двојадрен Qualcomm процесор од 2012 година и 2 GB RAM. Телефонот доаѓа со две камери предна 2МР и задна 8МР. Покрај лошиот хардвер, сепак телефонот е доволен за својата намена, брзо пребарување по имејл и одговарање на пораките.

Најголемиот дел од порталите не се воодушевени од новиот модел, така Verge во своето претставување Blackberry Classic го нарече „паметен телефон за вчера“.

[youtube]Lk7ndfJHmR4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top