0 коментари 2 мин. читање 5 јуни, 2012

Кинезите забранија интернет пребарувања за 23-годишнината на Тиенанменскиoт масакар

Цензурата продолжува и дваесет и три години по крвавото задушување на студентските протести на плоштадот Тиенанмен. Овојпат кинеските власти решија да ги спречат нивните граѓани да пребаруваат по интернет било какви вести поврзани со настанот. Кинеските пребарувачи не дозволуваат и пребарување на „шест четири“, „23“, „да не се заборави“ и слични асоцијации на крвавите настани од 1989 година. Блогерската платформа Sina Weibo го исклучи и емотиконот „свеќа“ кој се користи за изразување на сочуство или жалење.

Во 1989 година во Кина се одржуваа продемократски протести организирани од  студентите и прогресивните граѓани кои бараа економски реформи, слобода на печатот, одговорнист од членовите на партијата и либерелизација на политиката. Комунистичката партија во мај објави полициски час во градовитите во кои се демонстрираше, а на 3 и 4 јуни воени конвои влегоа во Пекинг. На 4 јуни војската започна да пука во протестантите и да ги руши барикадите. Бројот на убиени до денес е непознат, а се проценува од стотици до неколку илјади. По акцијата на војската во Пекинг демонстрациите во останатите градови  беа прекинати.

За жал цензурата во Кина е успешна за прикривање на настаните кои се случиле пред 23 години и плоштадот Тиенанмен, нема исто значење за Кинезите и за остатокот на светот. Сепак и покрај напорите на партијата да го цензурира настанот, некои поснаодливи корисници постираа на англиски „Candle. Nothing is forgotten“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top