Кинезите остануваат на врвот; Млечниот пат 2 се уште е најмоќен суперкомпјутер

Tianhe-2 или Млечен Пат 2, кинескиот суперкомпјутер сè уште е најбрз компјутер на светот, според новата листа Top500. Ова е трет пат Tiane 2 да ја предводи листата која се прави двапати во годината за споредба на развојот. За жал последното истражување покажува и дека порастот на перформансите се намалува.

„Работите изгледа дека се забавуваат. Ова може да се карактеризира како знак дека Муровиот закон има проблеми“, вели професорот Џек Донгара за Wired.

Муровиот закон предвидува дека бројот на транзистори во процесорот ќе се удвојува секоја година. Еден од најголемите производители на процесори, Intel, вели дека барем засега нема забавување на Муровиот закон и дека и во подалечна иднина очекуваат развојот на процесорите да продолжи според предвиденото. Забавувањето се приметува и во разликите помеѓу првите и последните суперкомјутери, бидејќи јазот помеѓу овие системи станува се поголем. „Сè уште има чудесни гигантски комјутери кои се прават, но не често колку порано, а помалите системи од дното не се приближуваат доволно брзо“, додава професорот Донгара.

Во новата листа топ 500 супер компјутери, зголемен е бројот на компјутери лоцирани во Кина, за сметка на бројот на суперкомјутери од САД, но САД сè уште има речиси 50 отсто од компјутерите на листата. Бројот на компјутери од Кина е поголем за 20 отсто (76), а бројот на суперкомјутери во САД е 233. Британија и Јапонија имаат 30 суперкомпјутери на листата, Франција има 27, а Германија 23. Што се однесува до остатокот на листата првите 10 се исти со претходната листа, со исклучок на новиот суперкомпјутер на владата на САД, Cray XC30 кој е инсталиран на неоткриена локација, а доаѓа со пресмековна моќ од 3.14 петафлопи во секунда. Што се однесува до производителите HP има најмногу системи на листата 182, зад него се IBM 164 и Cray 51.

[youtube]GrM9WnE7J94[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk