0 коментари 3 мин. читање 24 јуни, 2014

Cruise ќе го претвори вашиот обичен автомобил во автономно возило, за само 10.000 долари

Cruise е еден од своевиден авто-пилот за возила на автопат, а неодамна уредот ги имаше своите први тестови на тест-патеката во Алменда, мало гратче во близина на Сан Франциско. Слично како и автоматскиот пилот во авионите и Cruise е наменет безбедно да го однесе корисникот од едно до друго место. Со оглед на тоа дека станува збор за паметен уред, Cruise не само што ќе го одржува возилото помеѓу двете ленти, туку и ќе внимава автомобилот да не се приближи премногу до останатите возила. и со оглед дека е компјутер прекрасните пејсажи нема да му го одвлечат вниманието.

[youtube]uEQqQj_zyHI[/youtube]

За разлика од останатите автономни возила, Cruise во иднина би можел да се монтира на било кое возило, но засега уредот е наменет за Audi А4 и Ауди S4. Сензорите и радарот се поставени на горниот дел на возилото и од таму забележуваат дали има препреки на патот или можеби е преблиску до останатите возила. Компјутерот кој ги обработува овие податоци и управува со возилото се наоѓа во багажникот на автомобилот и одзема прилично голем простор.

„Во моментов сме фокусирани на креирање на едноставна верзија на уредот која ќе ја испорачаме до првите корисници и полека да започне да се развиваме оттука“, вели директорот Кајл Вогт за Verge.

Најголем недостаток на уредот засега е превисоката цена. Cruise чини 10.000 долари што е речиси 30-50 отсто од цената на автомобилите на кој се монтира. Останатите проблеми се пред се поради раната фаза во која се наоѓа уредот, така во моменотв Cruise не функционира на дожд, магла или во темнина. Покрај ова креаторите за почеток планираат единствено да креираат 50 примероци со чија помош би можеле да ги мапираат патиштата. Мапирањето е од клучно значење бидејќи е потребно автомобилот да го има извозено патот еднаш за да може понатаму самостојно да ги „префрла“ патниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top