Кинескиот Tencent, најбогата друштвена мрежа

во Веб

{mosimage}Додека некои друштвени мрежи, како Facebook, Twitter и др., се мачат и бараат начини како да направат пари од големиот број корисници, или додека некои прават колку толку профит како MySpace, кинескиот Tencent направи 1.2 милијарда долари за една година. Интересна сума во споредба со 800 милиони на MySpace, односно 250 на Facebook минатата година, 0 на Twitter.

Но ако се земе во предвид дека друштвената мрежа на Tencent Qzone e најголемата друштвена мрежа со 200 милиони корисници тогаш сумата има смисла.. Tencent e веб портал, клиент за инстант пораки, налик на Twitter, друштвена мрежа Qzone, произведува игри…

Најинтересниот дел од целиот финансиски план на Tencent е што од целиот профит дури 70 отсто или 719.1 милиони долари се добиени од „интернет сервиси со додадена вредност“ (Internet value-added services), или во превод приход од виртуелни добра како продавање аватари, местење состаноци, музика и други друштвени сервиси.

„QQ корисниците можат да изберат виртуелна облека, накит, позадини и козметика за да го персонализираат аватарот што го користат на сервисите, како QQ IM, QQ Chat Room, Tencent Community и QQLove.“ пишува на сајтот на Tencent.

Ваквиот модел на правење пари од друштвените мреже го прифати и Hi5 која планира да заработи 25 милиони само од продавање на виртуелни добра и играчки, додека пак Apple неодамна објави дека такви виртуелни добра ќе се појават и на iPhone, посебно интересни за тој пазар на мобилни телефони се видео игрите.

{mosimage}



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments