e-Владеење: Начини на комуникација

во Веб

{mosimage}The Nation, Washington Times и The Personal Democracy Forum, американски медиуми се обединија за проект кој ќе овозможи прашањата на граѓаните на САД да му бидат поставени на американскиот претседател Обама. Граѓаните ќе можат да постираат прашање на Ask the President сајтот и преку систем на гласање да изберат прашање, кое ќе добие најмногу гласови, кое новинари од овој медиум ќе му го постават на Обама за време на прес-конференциите во Белата Куќа.

„Прес-конференциите во The East Room [просторија во Белата Куќа] се меѓу најекслузивните и најмалку демократските јавни собирања во американската политика. Белата куќа контролира кој присуствува и кој ќе биде прашан. Така коалицијата [на трите медиуми] се обраќа кон администрацијата на Обама да ги повика новинарите наоружани со прашања од граѓаните“ дел од текстот на The Nation кој објаснува дека прашањата треба да поминат долг пат додека бидат одговорени, но во истиот текст се додава дека „Обама постојано повторуваше и бараше поиновативно, интерактивно владеење.“

Обама освен што ги измени правилата за користење на технологијата во Белата Куќа, е и првиот претседател кој во The East Room одговори на прашање од блогер на the Huffington Post.

{mosimage}

Ask the President сервисот ги регистрира корисниците по ИП адреса, не бара регистрација и дозволува тие прашања, текстуални или со видео, да бидат вметнати во блогови. Овој проект најверојатно ќе му се допадне и на Обама, бидејќи за време на изборите тој одговори на прашања од сличен ваков проект кој исто така беше подржан од медиум т.е од The New York Times. А исто така за време на изборите преку сајтот на Обама, Change.gov, тој бараше неговиот персонал да одговори на топ прашањата.

Интересно, но и на другата страна на светот, Владимир Путин премиерот на Русија побара од владините службеници да обрнат исклучително внимание на онлајн коментарите оставени за планот на Русија да се извлече од рецесијата. Малку позатворена варијанта на комуникација меѓу владата и граѓаните, но сепак е почеток.

„За жал нешто ми вели дека ќе има илјадници различни мислења, од кои поголемиот дел ќе бидат контрадикторни каде едни ќе бараат поддршка за помалите бизниси и претприемаштвото додека други ќе бараат гаранции за вработување… “ пишува Светлана Гладкова на рускиот ИТ блог Profy.

„… се изгледa како 21 век со влада која ги повикува сите граѓани да ги споделат мислењата онлајн за таков важен документ. И ние мораме да бидеме среќни што владата ќе потроши пари за службеници да ги читаат тие мислења и да ги средуваат. Но за вистински резултати се уште имам недоверба и се плашам дека ваква иницијатива нема да биде ништо освен трошење на пари за да се направи алузија дека учествуваме во донесувањето одлуки“ пишува Profy.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments