Кинескиот Вуху сака да биде првиот град кој е целосно отворен за автономни возила

во Свет

Image courtesy of Baidu

Автомобили-роботи, и комбиња и автобуси кои сами возат патници во следните пет години ќе ги освојат улиците на кинескиот град Вуху, вели BBC. Планот на градот е Вуху да биде првиот град кој во целост ќе ги прифати автономните возила. Отворањето на улиците за автономни возила е на барање на кинескиот ИТ гигант Bаidu, која го најави својот план за флота од возила без возачи. За почеток возилата ќе возат без патници поради нивната безбедност.

За почеток во првите три години реоните во кои ќе биде овозможено движење на возилата без возачи ќе бидат ограничени, а во иднина во зависност од тестовите ќе биде проширувана зоната. По завршувањето на пробните пет години, возилата ќе возат низ целиот град, а патниците ќе можат да се превезуваат без ограничување.

Идејата зад тестирањата е креирање на јавен превоз кој ќе ги одврати луѓето од купување автомобили, а со планираниот превоз ќе се намали и сообраќајниот метеж и загадувањето. „Се обидуваме да прибереме доволно податоци и да ги споделиме придобивките од автономните возила со властите. Потоа ќе ни биде поедноставно да ги освоиме останатите градови во Кина. Се надеваме дека ќе ги освоиме и останатите држави“, вели Ванг Џинг од Beidu.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments