Dragonfly, или контроверзниот пребарувач кој Google го прави за Кина нема да помогне за поголема приватност на граѓаните на Кина. Пребарувачот ќе овозможи „спојување“ на резултатите од пребарувањето со телефонските броеви на корисниците. Пребарувачот е обид на Google да влезе на кинескиот пазар. Најголем дел од сервисите и апликациите на Google се зад „кинескиот ѕид“ и Кинезите немаат пристап до нив. Кина секако е огромен и важен пазар, но Google барем досега не сакаше да го освојува пазарот со нарушување на човековите права на своите корисници.
Дополнително прелистувачот ќе треба да цензура еден куп термини. Дел од термините кои ќе треба да се отстранат од кинеската верзија се „човекови права“, „студентски протести“ и „Нобелова награда“, jави Intercept.
Секако иако цензурирањето е проблем, не е најголемиот. Ако е точно тоа што го јавуваат изворите можноста за следење на пребарувањата по телефон е ужасна.
Ако има позитивна вест тоа е дека Dragonfly ќе доаѓа со интеграцијана податоци за загадувањето. Во дел од Кина загадувањето е голем проблем и ваква платформа би можела значително да помогне.
Листата на цензурирани термини и зборови ќе ја составува заедничка група во Кина. Како ќе помогнал Google во оваа задача не сосем јасно, со оглед на тоа дека компанијата најверојатно би сакала да остане пребарувањето непроменето.
Организациите за заштита на човековите права, со право веќе ја критикуваат соработката на Google со Кина. Но, гласови на незадоволство излегуваат и од компанијата. Дел од вработените не се задоволни што Google ќе и помогне на цензурата. Досега седум вработени во Google ја напуштија компанијата поради етички несогласувања поврзани со Project Dragonfly.