Кина сега е прва на листата Топ 500 суперкомпјутери

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Најголем дел од најмоќните суперкомпјутери доаѓаат од Кина. Ова е заклучокот на анализата за ноември на Top 500.

Значителен дел, 202 суперкомпјутери на листата доаѓаат од Кина. Ова покажува дека има промена во „лидерот“ и во бројот на компјутери. Само пред 6 месеци, САД имаа 169 компјутерски системи, а Кина имаше 160. Сега Кина има 202 компјутерски системи во првите 500, а САД имаат 143. Ова е најниската бројка која ја имале САД последниве 25 години. Трета на листата е Јапонија со 35, а следат Германија со 20 и Франција со 18 суперкомпјутери.

Ова предизвика и промена во водството кај вкупната пресметковна моќ. Компјутерите од комунистичкaта држава сега водат и на листата на вкупни перформанси. Од вкупната пресметковна моќ на компјутерите, од азиската држава сега отпаѓаат 35.4%, а САД се втори со 29.6 %.

Прв на листата останува Sunway TaihuLight суперкомпјутерот, лоциран во Националниот центар за суперкомпјутери во Уукси (Wuxi) Кина. Компјутерот може да пресметува со 93.014 TFlop/s.

Еве ја листата на Топ 10 суперкомпјутери:

  • Sunway TaihuLight – 93.014 TFlop/s – Уукси, Кина
  • Tianhe-2 (MilkyWay-2) – 33.862 TFlop/s – Гуангзхоу, Кина
  • Piz Daint – 19.590 TFlop/s – Лугано, Швајцарија
  • Gyokou – 19.140 TFlop/s – Јапонија
  • Titan – 17.590 TFlop/s, САД
  • Sequoia – 17.173 TFlop/s, САД
  • Trinity – 14.137 TFlop/s, САД
  • Cory – 14.014 TFlop/s, САД
  • Oakforest – 13.554 TFlop/s, САД
  • K computer – 10.510 TFlop/s, Јапонија

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments