Наместо Кралицата, оваа година божиќна порака ќе испрати deepfake видео

0 коментари 1 мин. читање

Традиционално секоја година од 1952, Кралицата Елизабета II има божиќно обраќање. Оваа година ова обраќање ќе изгледа малку поинаку, или ова ќе може да се каже за обраќањето кое ќе го има на Channel 4 News каналот.

Телевизијата ќе емитува „алтернативно“ обраќање на кралицата во која deepfake верзија ќе ги поздрави Британците. Идејата е да се зголеми свеста за лажните вести и за deepfake видеата кои стануваат се пософистицирани. Целата на пораката не е да се исмева со Кралицата и Кралското семејство, туку да предупреди на потенцијалната опасност од лажните вести и манипулациите кои предизвикуваат да не може да си веруваме ниту на очите.

Веќе има куса најава која може да ја погледнете, а „вистинската“ порака ќе трае околу 5 минути.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед