Кickstarter стигна до 100.000 успешни проекти

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Краудфандинг платформата Kickstarter стигна до 100.000 успешно реализирани проекти. Иако за ова беа потребни седум години, во последно време бројот на проекти кои се реализираат е поголем. Платформата за прослава на овој јубилеј на својот блог сподели интересна статистика во 100 точки.

Успешните проекти се во 165 категории, а креирани се од 86.101 креатор. Ова значи дека дел од проектите, поточно 14.000 се креирани од исти луѓе или компании. Креаторот кој има најголем број на успешни проекти е потпишан зад 94 од нив. Интересно 9.088.422 корисници ги поддржале овие проекти, но дури 70 отсто од креаторите на успешно поддржаните проекти и самите поддржале некој друг проект.

За реализација на овие проекти им беа потребни околу 7 години, поточно од 28 април 2009 година до 7 февруари 2016-та. За првите 100 проекти беа потребни 121 ден, а за последните 100 само 3 дена.

Она што не се спомнува е бројот на успешно финансирани проекти, кои за жал не успеале да излезат со продукт кој го ветувале. Иако најчесто се споменуваат најскапите проекти кои се соочуваат со предизвици, сепак има огромен број на проекти кои не привлекле поддршка. Според официјалната статистика, на Kickstarter има над 280.000 проекти. Процентот на успех е 36%.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments