Kиборг, кратeнка за „кибернетички организам”, е суштество со биолошки и вештачки (т.е. електронски, механички, или роботски) делови. Според ова, секој од нас познава киборг (ако не сме и самите), односно познаник кој е во симбиозата со својот паметен телефони, таблет компјутер, лаптоп, па дури и десктоп компјутери. Ова денес не е воопшто чудно бидејќи колку повеќе ги гледаме иновациите толку е поизвесно дека ќе доживееме посуштинско поврзување помеѓу машините и луѓето.
Минатата година беа презентирани некои уреди и иновации кои можат да допринесат киборзите да шетаат помеѓу нас и поскоро отколку што се надеваме. Иако презентиран поодамна Project Glass е еден од примерите на технологија која станува реална и можна да се користи секојдневно. Поврзување со цели „библиотеки знаење“, мапи и точно одредување на локацијата преку екранот преку проширената реалност на очилата е само чекор поблиску до поврзување на нашиот мозок со супер компјутер т.е. „облакот“. Засега на Project Glass му недостасува единствено „Mind-Machine-Interface“ за да биде прв кандидат за идното заземање на планетата од кибернетски организми.
[youtube]D7TB8b2t3QE[/youtube]
[youtube]QVhJuwfNTC4[/youtube]