4 коментари 1 мин. читање

Jelly Bean сега е на 10 отсто од сите Android телефони

Има добри вести од Android заедницата. Верзиите на Jelly Bean 4.1 и 4.2  конечно ја надмина границата од 10 отсто на телефоните. Ice Cream Sandwich пак со 29.1 отсто е блиску до 30 проценти присутност на телефоните. За жал Gingerbread сè уште е најупотребувана итерација на Android, но сега за прв пат по долго време, под 50 отсто. По него се ICS и Jelly Bean, а веднаш зад нив Froyo кој после долго време падна под 10 отсто.

Со оглед на тоа дека најголем дел од уредите кои го подржуваат Ice Cream Sandwich го подржуваат и Jelly Bean, наскоро може да видиме поголем број на корисници на последната верзија на Android со што можно е последната верзија да биде на второто место што досега не било случај.

За оваа година е најавен и Андроид 5.0- Key Lime Pie. Ќе биде интересно да видиме дали Ice Cream Sandwich или Jelly Bean ќе успеат до тогаш да го надминат Gingerbread ако не еден од нив барем заедно.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top