Киборг инсекти во Сингапур – последниот технолошки wtf експеримент

Image courtesy of Vice / Motherboard

Доктор Хироката Сато е професор на Nanyang Technological University од Сингапур. Професорот со помош на мини компјутер и електроди вметнати во мускулите на инсектите ги контролира истите. Кога се приклучени на компјутерот, бубачките немаат никаква контрола врз своето тело и контрола врз нив има само компјутерот или операторот. Засега чипот може да контролира движење на нозете, а со тоа може и да се управува и правецот во кој летаат овие инсекти.

Експериментите можеби делуваат помалку неетички, но тимот на г. Сато вели дека инсектите на кои експериментираат живеат подеднакво долго и ниту еден инсект не умрел поради експериментите. Она што можеби е интересно е дека иако самиот не ги користи мускулите, инсектот мора да биде нахранет како би можел да ги користи истите. Најверојатно слична технологија би можела во иднина да се користи и кај луѓето кои немаат контрола врз мускулите. Сепак за разлика од инсектите за кои се доволни 8 електроди за мускулите на луѓето ќе бидат потребни многу повеќе.

Контролата на инсектите е со Wii контролер, а со него бежично се управува насоката во која летаат инсектите. Во иднина истражувачите се надеваат дека ќе додадат повеќе сензори кои ќе овозможат практична примена на инсектите. Една од можностите е додавање на температурен сензор. Со тоа ќе се овозможи инсектите да се користат за пронаоѓање на луѓе во случај на катастрофа. Луѓето кои се живи се потопли од околината па со овие сензори можат да бидат пронајдени. Засега лоцирањето на луѓе без разлика дали се жртви или можни напаѓачи е единствена предвидена примена на инсектите. Сепак не е исклучено во иднина да се додаваат нови области, но истражувачите убедуваат дека примената секогаш ќе биде мирољубива, пренесе Motherboard.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments