Кениец стана шампион во фрлање копје што го научи на YouTube

1 коментар 1 мин. читање

Џулиус Јего од Кенија го освои златниот медал во фрлање копје на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Пекинг. Но, покрај овој подвиг, тоа што е интересно во приказната е што тој научил да фрла копје благодарение на YouTube.

Натреварувачот од Кенија речиси се што знае за фрлањето на копје го научил од YouTube и до фрлањата на неговите идоли, светскиот рекордер Јан Железни и норвежанецот Андреас Торкилдсен. Г. Лего најголем дел од својата кариера тренираше единствено со помош на YouTube, а причината за ова е бидејќи во Кенија, која е традиционално тркачка земја, бројот на тренери за останатите спортови е мал.

„Мојот тренер сум јас, и YouTube видеата. Зошто? Ситре во Кенија се тркачи… Гледав видеа на YouTUbe и навистина ми се исплатеше, можев да ја видам техниката и вештините кои ги користат. Тренирањето без тренер не е едноставно“, вели г. Јего.

Растојанието од 92,72 метри е трето најдолго фрлање на компје во историјата, што не е лошо за некој кој тренирал со помош на YouTube, нели?

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед