Kena: Bridge of Spirits беше едно од најпријатните изненадувања во 21/22 година. Оваа симпатична акциона-авантура првично излезе во 2021 година на Epic Store и за конзолата на Sony, а годината по тоа се појави и на Steam. Со над 90% позитивни рецензии, играта на Ember Lab ги фасцинира гејмерите со преубава графика, трогателна приказна и предизвикувачки битки.
Достапна и за Xbox Series X | S и Xbox One!
Во 2021 година, Kena: Bridge of Spirits беше едно од најпријатните изненадувања. Често нарекувана како Souls-like со Disney шарм, Kena освои бројни награди не само со трогателната приказна, туку и со одличниот дизајн и борбени механики.
Кена е млад водич на духови кој има за задача да ги ослободи духовите кои се заробени во заборавеното село. За да успее во намерата, Кена се спријателува со мали, крајно симпатични рот суштества кои се одлични придружници како при истражувањето така и при битките.
Низ кампањата, ќе можете да ја зголемувате бројката на овие суштества и да отклучувате нови моќни способности. Но, Кена не се потпира само на помошта на малите крзнени суштества. Напротив, девојката и исклучително вешта при трчање, двојно скокање, како и напредно користење на нејзиниот магичен стап. Имено, покрај тоа што можете да го користите стапот за изведување најразлични напади од блиску, подоцна во играта ќе можете да го користите и како магичен лак и стрела. Паралелно со ова, ќе можете да користите и арсенал од најразлични моќи, обично во комбинација со рот суштествата.
Kena: Bridge of Spirits е феноменална игра, ремек дело во кое апсолутно уживавме. Играта има преубав, шаренолик и огромен свет кој е полн со харизматични ликови, предизвикувачки загатки и непредвидливи непријатели. Особено ни е мило што и xbox гејмерите ќе може да го искусат чедото на Ember Lab. Xbox верзијата на играта е комплетната верзија и се одликува со популарното anniversary надополнување. Тоа значи дека имате на располагање можност за уште потешко преигрување на кампањата, Spirit Guide Trials модот за проверка на вашите рефлекси, бројна облека, подобрен режим за фотографии и многу повеќе.
„Возбудени сме што ја пренесуваме приказната за Кена на нова публика на платформите на Xbox. Како наша дебитантска игра, Кена значи многу за сите во студиото. Тимот е возбуден да го сподели патувањето на Кена со повеќе играчи – навистина се надеваме дека сите ќе уживаат во дружењето со Кена и со нејзините пријатели Рот!“, изјави Џош Гриер, главен оперативен директор во Ember Lab
Kena: Bridge of Spirits излегува за Xbox Series X | S и Xbox One на 15 August 2024 година!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Ember Lab
- Издава: Ember Lab
- Жанр: акциона авантура
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 15 август 2024, за Xbox