Таман ќе помислам дека во Холивуд го направиле најглупавиот можен потег,oд ЛА веќе стигаат деманти. Според Hollywood reporter, продуцентите Лоренцо ди Бонавентура и Гиги Притзкер решија да направат филм според аркадната игра од осумдесетите Space Invaders. Ова секако не е прв филм кој ќе се прави според видео игра, меѓутоа тоталниот недостиг на приказна во Space Invaders ме води да помислам дека целава приказна е маркетиншки трик. На пример Space Invaders насловот може да се залепи на било кој филм каде вонземјани ја напаѓаат земјата: Independence Day, Battlefield Los Angeles, V и сите слични наслови.
Ди Бонавентура е познат по продуцирање поголем број спектакуларни лоши филмови: Transformers, J.I. Joe и уште еден „бисер“ во изработка, филм базиран на аркадната игра Asteroids. Да не испаднам пренегативно настроен спрема издвоениов продуцент, всушност Холивуд и најголем дел од филмската индустрија во последно време е неинвентивна. Последнава декада се чини дека сакаат да го искешираат и нашето детство, со филмови како The Smurfs, Transformers, The Flintstones, базирани на цртани филмови од пред дваесетина години, а сега и со игри кои најголем број од нас ги играле на флипери.
Инаку според Гинис, Space Invaders е ранкирана како најпродавана аркадна игра. Играта е конципирана како шутер во која вашиот ласерски топ пука во блокови од надоаѓачки вселененски летала. Се смета дека оваа игра заедно со Pacman го започнаа златното време на флиперите. Исто така Space Invaders е прататко на модерните шутери: Wolfenstein, Doom, Duke Nukem, Halo и Call of Duty.
Ова секако не е првиот филм кој ќе се снима по видео игра, иста судбина доживеаа и Super Mario, Wing Commander, Tomb Raider, Resident Evil, Doom, Final Fantasy и многу други. Меѓутоа филмските студија неможат да се надеваат на успех само поради тоа што игрите биле блокбастери со оглед на тоа дека видео игрите имаат интерактивност што е квалитет кој на филмското платно никогаш нема да биде достапен. Токму тоа е причината што игрите изработени по филмови најчесто поминуваат подобро од филмовите. Indiana Jones, Godfather, Star Wars, Ghostbusters имаа свое деби пред гејмерите. Покрај поделените критики а и фактот дека видео игрите сеуште не се сваќаат озбилно колку филмовите, игрите поминуваат понезабележително.
Од останатите игри кој имаат закажани филмски премиери веќе долго се зборува за Warcraft кој својата премиера треба да ја има во 2013 и за Mass Effect кој е закажан за 2012.








Таман ќе помислам дека во ИТ го направиле најглупавиот можен потег, на нивниот блог веќе стигаат деманти.
Авторѕ, те бендиса ли мојот воведо а? Или можеби сакаш да продолжам??
Ди Бонавентура е познат по продуцирање поголем број спектакуларни лоши филмови:
– Salt (Angelina Jolie)
– Shooter (Mark Wahlberg)
– Constantine (Keanu Reeves)
– неколку дела од тие роботчињата Transformers, и уште барем 10-тина други филмови…
Така да, не си ти во никаква состојба да критикуваш некој што има продуцирано околу 20 филма (а ако беа спектакуларно лоши, мислиш ти дека тој би опстоил во холивуд… ? ), само заради што треба да напишеш некаков пост на овај блог.
Значи ако ова е твое мислење, тогаш треба да си го задржиш за себе, или да докажиш дека си во право а не само да се пиши нешто без разлика дали е точно или не.
Или пак, ако имаш манато гоогле транслате, тогаш треба од време на време да прочиташ со преведваш, и да го смениш/тргниш тоа што не штима…
Заклучок, како што ти мислиш дека тој е лош режисер/продуцер, така и јас мислам за тебе во врска со овај пост.
Мислам дека воопшто и не разбираш што е концепт на текстот, никој и не се жалеше на како продуцира туку што продуцира. И немој ни случајно да помислиш дека успешен продуцент во холивуд прави добри филмови на крајот на денот во холивуд не се добиваат поени за уметнички впечаток туку само за $
И BTW текстот е за филм кој ќе се прави по Space Invaders игра која практично и нема плот така да твојот омилен продуцент е само кретен кој кешира на твојте спомени од флиперница ако си играл порано, ако не има барем илјадници сега средновечни луѓе кој кидале од прв час да поиграат уште малку на флипери.
И да бидам искрен целосниот опус на дадениов продуцент не ме импресионира нити имам коментар на твојот вкус за филмови.
И конечно google/translate и покрај тоа што се воздржувам во остатокот на одговорот овде мислам дека треба да STFU! со оглед на тоа дека ниту it,com.mk не би ми објавиле неавторски текст.
П.С.
Тоа што не ти се допаѓа текстот секако го почитуван на крај на краиштата неможе на сите да им се удоволи на вкусувите.