Хакерската група Anonymous објави 130 MB-тежок торент фајл со имејл адреси, лозинки и логини на Booz Allen Hamilton, компанија која соработува со американските безбедносни сили. Податоците се украдени од сервер со пропусти на мрежата на компанијата која е водена од лица кои биле поранешни директори на CIA и на американското Министерство за одбрана.
Anonymous вели дека од безбедносната компанија очекувале „заштитен воен брод“, но се изненадиле кога откриле „дрвен чамец“.
„Серверот кој го пробивме на нивната мрежа немаше никаква заштита. Можевме да стартуваме наши апликации, што ни овозможи да го собереме пленот. Најбогатиот плен е листа од 90.000 воени имејлови и лозинки хаширани со md5.“, вели групата.
Мотивот на Anonymous да ги откријат податоците не е баш најасен. Тие често знаат да кажат дека се интернет активисти, дека сакаат да ги откријат „лагите и матните работи“ на владите. Во овој случај во информациите кои се постирани се наведуваат примери од разни медиуми и организации кои се сомневаат во работењето на Booz Allen. Според Anonymous, Booz Allen е една од компаниите, покрај HBGary, која на американските власти им предложувала систем кој може да се манипулираат друштвените медиуми и да се поврзат профилите со луѓето според стилот на пишување, време на постирање и други детали, што во суштината е нелегален систем за следење.
Но, од друга страна, Anonymous исто така вели дека податоците и соработниците на компанијата, кои ги откриле ќе им се најдат на black-hat хакерите што фрла сенка врз идеологијата на Anonymous, ако може да се нарече така, бидејќи информациите можат да се злоупотребат за криминални цели. Кој може да каже дали се украдени само тие и само толку податоци колку што има во објавениот торент?








http://thepiratebay.org/torrent/6533009/Military_…
eve i link za torentot :))))))))))
130 mb :))) ne 190 :D
AntiSecurity at 2011-07-11 23:42 CET:
CORRECTION:
Password hashes are not MD5 but mostly BASE64(sha1(password)); some other hashes may be mixed in. Happy cracking.