Ќе ги затвори ли Кина „рудниците“ за крипто валути?

Кина е „домаќин“ на дел од најголемите рудници за крипто валути, но ова можеби нема да случај уште долго време. Главна причина за ова е кинеската влада која се обидува да ги затвори сите индустрии кои и штетат на кинеската економија.

Владата на Кина ја издаде листата на индустрии кои ги смета за корисни и кои ќе ги потпомогне и индустрии кои ги смета за штетни, и сака да ги забави или забрани. Копањето крипто валути се најде на листата на непожелни индустрии, откако владата одлучи дека нема безбедни услови за работа, трошат премногу ресурси и ја загадуваат животната средина.

Кина е најголем увозник на хардвер произведен пред сè за копање на крипто валути. Но, таму се лоцирани и најголемите „рудници“ за крипто валути. Главна причина за ова е ниската цена на електричната енергија. Најголем дел од рудниците се лоцирани во покраините Ксинџианг и Внатрешна Монголија, поради евтината електрична енергија од јаглен и Јунан и Сечуан поради уште поевтината електрична енергија од хидро-централите.

Кина оваа листа на индустрии ја обновува на неколку години. Копањето крипто валути е на листата од 2011 година, но овој пат е во предложените индустрии кои треба да се затворат веднаш, пренесе South China Morning Post.

Листата сè уште не е финална и сега е отворена за јавна расправа. Конечната одлука ќе биде донесена по 7 мај, до кога и трае расправата.

„Ако новите правила се спроведат, кинеските рудари ќе мора да се преселат од своите бази во Јунан и Сечуан и да одат во странство“, проценува Мајкл Женг, аналитичар од Пекинг.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments