После 17 години, eBay конечно се одлучи да го поедностави своето лого, па направи редизајн на истото.
Нема некоја голема промена, освен тоа дека буквите во новото лого не се преклопуваат како што беше случај во нивното експериментално лого, туку стојат една до друга, но според веб продавница, со промоната ја покажуваат решеноста да продолжи да се развива, а новото лого точно го рефлектира тоа што eBay е денес – глобален онлајн маркет кој нуди едноставно, современо и конзистентно искуство.
„Ги задржавме клучните елементи од нашето лого вклучувајќи ја и нашата стандрдна палета на бои“, вели претседателот на eBay, Девин Вениг. „Нашите впечатливи бои и букви кои се допират една со друга ја претставуваат поврзаноста помеѓу еBay заедницата – повеќе од 100 милиони активни корисници и 25 милиони продавачи ширум светот“.

Истиот дизајнер го ангажирале ко и Микрософт за нивното ново лого.