Кажете им збогум на сите дупликати со AllDup 4

Во ера на лесно остварливи можности за дигитално складирање, еден од честите проблеми е постојано префрлување на сè и сешто, до таа мера да не сте сигурни која датотека колку пати и на колку места ја имате копирано. Опцијата за пребарување може да ви помогне во лоцирање на едни исти податоци, но доколку барате исклучително побрзо, а со тоа и поедноставно решение, ви препорачуваме да им кажете збогум на сите дупликати со AllDup 4.

Четвртата верзија на AllDup има претрпено значително визуелно и функционално преуредување. Она што естетските промени не можат да ви го кажат е тоа што програмот сега е 50% побрз бидејќи имплементира надградени алгоритми за пребарување. Главната употреба на AllDup е да пронајде дупли датотеки и да ви пружи брзи можности за нивно неповратно бришење или копирање, односно префрлување во одреден фолдер. Во ваквата намера ќе ви помогне и вградениот прегледувач кој ви дозволува да видите какви дупликат фотографии, песни и видео материјали го загрозуваат скапоцениот простор. При барањето дупликати се запазуваат неколку претходно-одредени критериуми и можете да барате во зависност од содржината, името, екстензијата на датотеката, како и датумот на нивното креирање и/или својства. Најновата верзија ви дозволува и да најдете и слични слики, но не и целосни копии.

AllDup 4 е бесплатен за користење, а има на располагање и пренослива верзија. Имајте предвид меѓутоа, дека бришењето треба да го сведете на мултимедијални датотеки и документи, а не и на системските фајлови кои би можеле да ви бидат прикажани како дупликати. Во спротивно, би можеле да го достигнете сосема спротивниот ефект и само да ја загрозите стабилноста на системот.

Останати корисни алтернативи на AllDup:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk