Friday the 13th не е вашата карактеристична хорор игра, а таквото нешто е забележително уште во првата минута од трејлерот.
(Внимание! Експлицитно насилство!)
Развивана од Gun Media и IllFonic, Friday the 13th е мрежна игра каде седум играчи треба да го избегнат смртоносниот зафат на Џејсон – психопатскиот убиец кој, претпоставувате, е исто така контролиран од вистински играч. Резултатот од овој успешен кикстартер проект ја користи моќта на Unreal Engine 4 енџинот за да ги прикаже свирепите убиства во делумно отворениот камп Crystal Lake.
Она што знаеме за гејмплејот е дека Џејсон има наднормално развиени сетила за слух и вид, а може и да се телепортира каде било низ мапата. Што се однесува до сите останати играчи, целта им е да побегнат од кампот, да останат живи одреден временски период или да соработуваат заедно за да го убијат Џејсон, нешто што е исклучително тешко, но не и невозможно. За остварување на таквата цел, играчите можат да работат на исполнување на одредени услови кои, за возврат ќе дозволат еден играч да стане Томи Џарвис.
За постигнување автентичен ефект, движењата на актерот Кејн Ходер (Џејсон) се префрлени со motion capture технологијата, а на сличен начин гостува и Торн Матјуз (Томи Џарвис, дел VI).
Friday the 13th се појавува на Steam годинава. Играта требаше да излезе претходната година, но се одложи затоа што девелоперите сакаа да ја прошират и со содржини за само еден играч, како и да воведат нови и проширени можности во мултиплеерот.