0 коментари 1 мин. читање

Калифорнија ги легализира автономните автомобили

Калифорнија ќе им обезбеди на автономните автомобили простор во кој ќе можат да возат. Ова беше случај и досега, но сега законот е проширен и на: возилата без волан; без педали; но и без човек возач.

Гувернерот Џери Браун објави дека се одбрани реони во кои ќе може да се тестираат возилата. Дополнително брзината во овие зони е ограничена под 60 km/h, а возилото мора да биде осигурано на 5 милиони долари. Ова ќе направи за дел од стартапите тестовите да се надвор од дофат. Сепак Uber, Tesla и Google ќе можат да тестираат, вели Readwrite.

Автономните возила без возач на улиците на Калифорнија ги овозможија неодамнешните промени во законот. Федералната агенција за безбедност на автомобилите и даде отворени раце на автомобилската индустрија за креирање на автономни возила. Единствено цврсто барање е: „Автомобилите мора да бидат безбедни“.

Можеби ова е најдобриот пример зошто Калифорнија е каде што е. Насоките се донесени едвај пред десетина дена, а државата веќе донесе закон кој го прифати напредокот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top