Американско-хрватско-македонското паметно капаче за гориво, Fueloyal, оди во Њујорк. Стартапот ќе биде дел од првата генерација на „интернет на нештата“- уреди акцелерирани во престижниот Techstars.
Двајца од основачите на компанијата следните три месеци се во Њујорк. Програмата завршува со „Demo Day“ и претставување пред тим од инвеститори.
„Влеговме во Techstars на нивна покана и разговори со главните лица кои ни ја претставија програмата и сите бенефиции од истата. Главна причина зошто сме овде е пазарот во САД. Ние сме американски стартап и таргетираме пазар кој е многу конкурентен. За да успееме на овој пазар потребна ни е локална поддршка во финансии и контакти.“, вели Игор Христов од Fueloyal.
Технологијата која ја развива Fueloyal овозможува да се искорени злоупотребата со кражба на гориво, а на компаниите им овозможува да заштедат илјадници долари. Капачето постојано ја надгледува состојбата со гориво и неговата употреба вo над 1.2 милиони превозници од САД може да им заштеди повеќе од 10 милијарди долари годишно.
Паметното капаче веќе е достапно на пазарот во САД. Во Fueloyal се задоволни од интерестот, а најавуваат и многу нови слични продукти.
„Оние кои се свесни за проблемот го прифаќаат капачето веднаш. Оние кои сметаат дека немаат проблем треба да си направат пресметки, но и за нив имаме приготвено други алатки. Наскоро од Fueloyal ќе излезат многу сродни продукти.“, додава г. Христов.
Fueloyal се надеваат дека ќе ги импресионираат инвеститорите, а дел од Techstars се General Electric, Verizon, Bosch, SAP и PWC. Стартапот претходно беше дел и од IMPACT програмата за акцелерација, а имаше и успешно претставување на Mobile World Congress во Барселона.
- Македонско-хрватскиот стартап Fueloyal доби нови 100.000 евра инвестицијаClaxi и Fueloyal се победниците на МАСИТ ИКТ награди 2016
- ИТ настан: Како да стартувате хардверски стартап во Македонија? со Игор Христов од Fueloyal
- Најдобрите македонски стартапи за 2015-та
- Fueloyal и Интелигентниот омекнувач се тркаат за награда на Business Wall of Fame
- Индустријата на превозници е зависна од технологијата
- Македонско-хрватскиот Fueloyal се најде меѓу 500-те стартапи на Mobile World Congress
- Македонско-хрватски стартап работи на паметно капаче што штеди гориво







