Калифорнија до 2045 година ќе се снабдува исклучиво од обновливи извори на електрична енергија

во Свет

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун треба да потпише закон со кој оваа држава од 2045 година ќе снабдува со електрична енергија исклучиво од обновливи извори.

Секако главна причина за ова се климатските промени кои Калифорнија можеби и најдобро ги почувствува оваа година. Суша и рекорден број на пожари ја погодија Калифорнија како никогаш досега.

Сенатот на Калифорнија веќе донесе мерка со која им наложи на сите градски сервиси кои нудат комунални услуги да купуваат електрична енергија произведена без емисија на CO2. Дополнително, електричната енергија која би ја купила Калифорнија од некоја од соседните држави, нема да смее да ја зголеми емисијата на CO2 во оваа држава.

За остварување на оваа цел Калифорнија ќе мора да донесе и построги критериуми на некои претходно донесени постари законски мерки. Така наместо претходно донесената граница од 50% енергија од обновливи извори до 2030 година, треба да се промени на 60%.

Предлог законот го поддржа и претходниот гувернер, Арнолд Шварценегер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments