Какви компјутери имаат Steam гејмерите?

Со завршување на огромната летна распродажба, Valve ги објави и јунските резултати од анализите за хардверот и софтверот кој го користат Steam корисниците.

На фронтот со процесорот, се чини дека Steam корисниците имаат малку љубов за AMD. Па така, неверојатни 81% користат Intel, а само 19% користат AMD процесор, што е за три проценти помалку од февруарскиот извештај. Од PC Gamer претпоставуваат дека работите би можеле да се променат во наредните месеци, особено со излегувањето на Ryzen, a подоцна и Threadripper.

Што се однесува до графичката карта, Nvidia и понатаму непредизвикана го држи тронот. Скоро две третини ги исполнуваат гејмерските потреби со NVIDIA GPU, а само 20 проценти се потпираат на графичката карта на AMD. Интересно е тоа што 15% од корисниците играат игри на интегрирана графичка карта на Intel.

Од графичките карти, се чини дека GeForce GTX 1060 е најпопуларниот избор помеѓу DirectX 12 графичките карти. Оваа карта е во домовите на 6.29% гејмери, а веднаш по неа доаѓа GeForce GTX 750 Ti, со 5,88%. По скок од 19 картички на Nvidia, на дваесеттото место се наоѓа Intel-овата HD Graphics 5500, па дури тогаш AMD срамежливо мавта со Radeon HD 7700.

Во поглед на оперативните системи, над 53% проценти од гејмерите користат Windows 10, a скоро сите од нив се имаат одлучено за 64 битната верзија на системот. Споредено со февруарскиот извештај, ова е скромно зголемување од неполни три проценти. Саканиот Windows 7 и понатаму го одбива повикот на заборавот и ужива во љубовта на една третина од гејмерите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk