{mosimage} Ерик Шмит, директорот на Google, вели дека за 5 години со интернетот ќе доминира содржина на кинеските јазици, а ќе се работи според моделот на сегашните тинејџери, односно брзо „рипање“ од содржина на содржина, од апликација на апликација.
„Погледните како денешниве тинејџерите го користат интернетот, и помислете дека за 5-10 години тие ќе работат за вас. Звучи затрашувачки. Тие се многу добри во манипулирањето на различните форми на информации, брзо преминуваат
од една на друга.“ вели г-дин. Шмит во интервју на Gartner симпозиумот во Орландо.
Г-дин. Шмит вели дека пребарувањето во реално време е најголемиот предизвик на Google,
но проблем е како да се рангира содржината од друштвените мрежи, односно содржина генерирана од корисниците.
„Како да ги ранкираме твитовите? Зошто твитот на една корисник да е над твитот на друг?“ прашува г-дин. Шмит нагласувајќи го најголемиот технични проблем кој Google го има со пребарувањето во реално време. Проблемот е главно што содржината генерирана од корисниците не доаѓа од традиционалниот извор туку од други луѓе.
„Луѓето ги слушаат другите луѓе.“
Тој вели и дека за 5 години е можно да има широкопојасни мрежи кои ќе се со брзина над 100 Mbits и главно ќе се користи за видео, па видео/филмската индустрија ќе најде бизнис модел како да ја дистрибуира таа содржина бидејќи пазаратот ќе биде поголем.
Видео со делот од интервјуто во кое тој зборува за тинејџерите и моделот на разгледување на содржината можете да видите подолу (tnx to ReadWriteWeb).
Во останатиот дел од интервјуто г-дин. Шмит зборува за бизнис моделот на Google, за како треба се постави бизнисот во однос на корисниците, за cloud computing и веб апликации, како и за новиот оперативен систем на Google, за кој тој потврди дека ќе се појави во 2010 година. Целото интервју е 45 минути и можете да го погледнете на YouTube.






