Гејминг новости од минатата недела #94

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и четврто издание.

The Witcher телевизиското шоу на Netflix открива сè повеќе и повеќе детали. Неделава се дозна дека серијата нема да ги запостави ниту Јенифер, ниту Сири. Актерките кои беа одбрани да ги претставуваат двете девојки се Фреја Алан (Сири) и Ања Шалотра (Јенифер). Хенри Кавил, пак, ќе го глуми Герал од Ривија.

XCOM 2 исфрли уште едно DLC. Tactical Legacy е додаток за проширувањето War of the Chosen и доколку веќе ја имате оваа експанзија, Tactical Legacy нема да ве чини ништо, а ќе ви донесе нови модови, мапи, и оружја. Додатокот е бесплатен до 3.декември.

Fallout 76 бета тестерите се пофалија со бројни гејмплеј прикази каде јасно може да се види создавањето ликови, напуштањето на трезорот и истражување на шумата (The Forest е само една од шесте територии кои ќе ги имате за истражување). За сè останато, збор има едно од таквите видеа…

Just Cause 4 ќе има значително понапната приказна, особено доколку може да му се верува на следниот трејлер. Играта излегува на 4.декември и ќе се одликува со тектонски поместувања во гејмплеј механиките за сеење хаос.

Conan Exiles и понатаму продолжува редовно да се надополнува. Последното, 34 надополнување конечно ви дозволува да чувате милениче кое, откако ќе порасне, ќе ве следи и ќе ви помага во битките со останатите. И со миленичето ќе се зацврстува строгото верување на тимот дека ништо не е за фрлање. Па така, изметот на миленичето ќе се користи за градинарски процеси, а, во случај да биде убиено, ќе можете да ги извлечете сите корисни ресурси од телото во Liquid Separator. Пред да почнете да процесирате што всушност напишавме, да ве известиме и дека со наполнувањето доаѓа нова зандана, Midnight Grove, нов религиозен аватар, и нови борбени потези. Во продажба стапи и ново DLC, со нови оружја, оклопи, воени бои, 40 парчиња за градење и пет изгледи за вашите миленичиња.

EA најави дека за ќе излезат римастери за класичните Command & Conquer игри. Повеќе од ова не се знае, но челните лица од ЕА побрзаа да ветат дека во игрите нема да има никакви миро-трансакции.

Cities: Skylines и понатаму продолжува со агресивното исфрлање експанзии, на огромно задоволство на сите љубители на симулации за управување со град. Industries се рекламира како едно од најкомплексните експанзии, со пет нови мапи, нови згради, правила, градски услуги и многу повеќе. По цена од 15 долари, експанзијата ќе излезе на 23.октомври. Со неа, ќе се надгради и основната игра со нова радио станица, патарини, ознаки, и листи.

Thronebreaker: The Witcher Tales е следната игра од универзумот на Гералд од Ривија. Оваа игра ветува комплексна приказна испреплетена со гејмплеј позајмен од играта со карти, Gwent. По цена од 30 долари,играта излегува на 23.октомври, и тоа само преку GOG платформата.

For Honor ќе се поднови со експанзијата Marching Fire веќе од 16.октомври. Оваа проширување отклучува нова фракција која се вика Wu Lin, а е составена од четири кинески херои. Паралелно со ова, ќе добиете и нов аркаден мод кој има непресушна вредност на преигрување, со променливи цели и непријатели.

Quake Champions, бесплатниот за играње арена шутер на Bethesda, доби нов мод и шампион. Во случај да сите играчи успеат да одиграат милион рунди во новиот Slipgate мод, шампионот Athena ќе биде бесплатен за сите. Во спротивно, за Athena ќе мора да го купите Champions Pack или да го отклучите преку стандардните грајнд сесии.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments