{mosimage} Во 2001 година Џек Дорси имаше идеја. Во мај 2006 стартуваше Twitter. Во јануари 2007 Стив Џобс и Apple го објавија iPhone. Во ноември 2008 Барак Обама им се заблагодари за претседателската победа на корисниците Twitter. Во истиот ноември Шекил О’нил се регистира на сервисот. Во јуни Иранската револуција се раскажува на Twitter. Истиот месец и А1 објавува текст објаснувајќи го Twitter на својата публика….
Сите овие моменти се дел од
растот на Twitter кој денес е оценет дека вреди 1 милијарда долари!
Во интересна статија Business Insider ги собра сите позитивни моменти кои придонесоа Twitter да стане една од поважните друштвени мрежи денеска. Подолу се деловите кои мислиме дека се порелативни за корисниците на Twitter во Македонија, а доколку сакате да ги погледнете сите 23 моменти во патот на Twitter до милијардата на линкот погоре кој води до сајтот на Business Insider.
- првиот цртеж на Џек Дорси за неговата идеја за Twitter, уште во 2001 година.
{mosimage}
- стартуваше Twttr во 2006. Подоцна се прекрсти во Twitter.
- првиот твит во мај 2006.
{mosimage}
- во август 2006 корисниците твитаат за земјотресот во Сан Франциско. Од тука може да се каже корисниците станаа свесни за потенцијалот на овој сервис да пренесува пораки во реално време до целиот свет.
- есен 2006 Twttr се прекрсти во twitter.
- јanуaри 2007 Стив Џобс го преставува iPhone кој подоцна е идеален уред за објавување на брзи пораки на интернет.
- во јули 2007 година, Twitter добива инвестиција од 1 милион и е оценет дека вреди 5 милиони.
- во октомври 2007 Google го купува Jaiku и „тогаш го игнорира по што во зимата 2007 го гаси тотално што ја неутрализира конкуренцијата на Twitter“ пишува the Business Insider
- октомври 2008 година, Џек Дорси, тогашниот директор се повлекува и на неговата позиција доаѓа другиот основач Еван Вилијамс.
- во ноември 2008 се приклучува и Шекил О’нил кој станува голема ѕвезда на сервисот.
- есен 2008 Facebook пробува да го купи Twitter за 100 милиони долари во кеш и 400 милиони долари во акции. Twitter одби, а Facebook неодамна го купи FriendFeed.
- пролет 2009 луѓето во Молдавија го користат твитер да организираат протести
- Twitter станува главен медиум за информирање за Иранската револуција во јуни 2009.
- јуни 2009 А1 објавува долга статија за „револуцијата на twitter, проблем за медиумитe“ во кој го објасни сервисот на македонската публика;
Во септември 2009 Twitter добива инвестиција од 100 милиони долари и сега вредноста му е проценета на 1 милијарда долари.






