Како технологијата ќе им помогне на параплегичарите

во Свет, Хардвер

Истражување кое за првпат се прави на луѓе е првиот чекор кој на параплегичарите ќе им овозможи во иднина да живеат нормален живот.

Целта на истражувањето е да се создаде вештачка рака која не само што ќе се движи како и природната, туку корисникот ќе има и чувство како тоа да го прави со вистинска рака. Тестовите и истражувањата се во многу рана фаза, но првите резултати се ветувачки.

Тестовите изгледаат навистина опасно. Нејтан Копланд кој е првиот волонтер има две микро-електроди поставени на кортексот, во делот на мозокот задолжен за осетот. Овие електроди преку процесор се поврзани на робот рака. Благодарение на технологијата г. Копеланд кој инаку нема никакво чуство во прстите и рацете, може да почуствува притисок на прстите.

„Можам да ги почувствувам сите прсти – навистина чудно чувство. Понекогаш има чувство како струја, понекогаш како притисок. Најголем дел од времето ги чувствувам пристите со голема прецизност. Имам чувство како прстите да ми се допираат или притиснати.“, вели г.Копланд.

Можноста за чувство на допир е од иклучително значење бидејќи е многу тешко да се управува со раката единствено со видеот, пренесува Motherboard.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk