Како сервис за трансакции може да уништи стартап, приказна за српскиот Car:Go

во ИТ.ЕУ

Image courtesy of Car:Go / YouTube / Screen Capture

Car:Go е српски сервис кој е замена за Uber и сличните сервиси за транспорт. Сервисот е локална верзија на Uber или Lyft кој функционира во Белград. Сервисот започна успешно, но поради проблеми со Braintree Payments, постои опасност за крај на Car:Go.

Основачот на сервисот, Вук Губериниќ, во прилично емотивен facebook-пост ги објасни сите проблеми.

„Погледнете ја нашата апликација. Улиците се празни, нема возачи, нема возила, само патници, патници кои се некаде заглавени, очајнички сакајќи, притискајќи и мразејќи ја нашата апликација. Ние повеќе не може да им овозможиме услуга бидејќи немаме повеќе време…“, вели г. Губериниќ.

Car:Go два месеци има сериозен проблем со трансферот на пари преку Braintree. Компанијата веќе два месеци не може да ги подигне своите средства од сметката, а од Braintree ги обвинуваат партнерите.

Проблемот е во тоа што Braintree официјално е неподдржан во Србија, но сервисот се обидува преку партнери во Европската Унија да ги оствари трансакциите. За жал овој партнер започнал да ги проневерува парите од оваа сметка. Дури и по жалбата, Braintree продолжи да ги испраќа парите на сметката на партнерот. Car:Go ја препрати комуникациајта до The Next Web кој ја потврди автентичноста на тврдењата.

Компанијата поради ова загуби 27.000 евра. Оваа сума можеби и не е превисока за големите компании, но за стартап овие средства се неопходни за покривање на тековните трошоци, но и за исплата на платите за возачите. Компанијата сега сака да го премни партнерот за исплата, но за жал за ова се потребни развивачи кои сервисот сега не може да ги исплати.

„Со клиентот сме во постојана комуникација. Заедно се обидуваме да пронајдеме позитивен исход кој ќе биде во согласност со законот и со регулативите. Потоа ќе ги исплатиме сите средства кои ги должиме. Се обидуваме да ги надминеме очекувањата на трговците, и ќе продолжиме да бараме решение и за овој клиент.“, вели Braintree Payments.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk