0 коментари 2 мин. читање 21 март, 2017

Hack Horizon ги поканува сите кои имаат идеја на хакатлон на 10.000 метри

Имате идеја која може да промени индустријата за патување? Тогаш Hack Horizon е вистинскиот настан за вас. Станува збор за навистина несекојдневен хакатлон кој во целост ќе се одржи во авион, додека учесниците патуваат од Хонг Конг до Лондон.

На натпреварот ќе учествуваат 32 учесници; претприемачи, инженери, развивачи, дизајнери кои во текот на три дена и прелетани 10.000 километри, ќе треба да претстават свое решение. Настанот пред сè е наменет за учесниците од Азија-Пацифик кои ќе имаат можност за платен транспорт до Хонг-Конг. Сите учесници можат да се приклучат на хакатонот, со таа разлика што ако бидат одбрани за учество сами ќе мораат да пронајдат начин да стигнат до стартната локација. Ова за ИТ.мк го потврди и претставник на Hack Horizon преку Messenger.

Настанот е поделен во три дела, кои соодветствуваат и на деновите. Во секој од овие делови учесниците ќе имаат можност да соберат податоци и да дизајнираат различни делови од решението за патување.

  • Прв ден – Формирање на тимовите и почеток на креирање на прототипот. Пат кон Меѓународниот аеродром во Хонг-Конг и одмор во хотелот.
  • Втор ден – Разгледување на технологијата на аеродромот, разгледување на работата на аеродромот. Комуникација и тест со патниците. Полетување.
  • Трет ден – Слетување во Лондон. Комуникација со патниците и валидација на идеите.
  • Четврти ден – Последен ден за завршување на прототипот и подготовки за презентации. Конечно финалистите имаат можност и за претставување пред инвеститори и претставници на новинарите, како и пред панелот на судии.

Настанот се одржува од 5 мај до 8 мај а сите заинтересирани можат да се пријават уште веднаш. Повеќе податоци за настанот на страницата на HackHorizon.

tnx до @darko156 за линкот

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top