Еден од најпопуларните веб сајтови за порно содржини, Pornbub, го исфрли седмиот годишен извештај за тоа кои биле најголемите трендови во 2019 година и на што највеќе се посветувало внимание од посетителите. Се работи за исклучително долг извештај до кој имате целосен пристап тука. Ние решивме да се посветиме првенствено на оние факти кои имаат одредени допирни точки со IT сферата, а да ја сведеме играта со зборови на минимум.
Па така, 2019 година бележи над 42 милијарди посети на Pornhub, или 115 милиони посети на дневно ниво. Поставени се над 6.83 милиони нови видеа. Тоа значи дека кога би почнале во 1850 година да ја гледате целата овогодишна содржина, сеуште не би можеле да ја одгледате! Само во 2019 година бил извршен трансфер од 6579 петабајти податоци, или 18,073 тера бајти на дневно ниво. Од Pornhub објаснуваат дека кога би пробале да ги префрлите сите овогодишни содржини на хард дискови и кога би ги подредиле дисковите еден врз друг би направиле ѕид со височина од 100km.
По сè изгледа, посетителите биле и крајно дружељубиви. Над 70 милиони пораки се размениле помеѓу посетителите, а над 11 милиони коментари биле оставени низ видеата.
Цели 83.7% од сообраќајот бил преку пренослива направа, додека само 16.3% од посетите биле извршувани преку десктоп и лаптоп компјутер. Во поглед на оперативниот систем, 52.8% од посетителите преку мобилен користеле Apple iOS, додека 46.6% користеле Android. Што се однесува кај десктоп/лаптоп корисниците, 75.5% користеле Windows, а 16.7% користеле Mac OS.
Од гејмерска гледна точка, првото нешто што нè зашемети е фактот дека Overwatch и понатаму е најбараната игра на Pornhub. Воопшто не изненадува дека второто место годинава се држи од Fortnite. Ралативно новата Battle Royale игра, Apex Legend, се наоѓа на петто место. Во поглед на најбарани ликови од видео игрите, на прво место е Зелда, на второ – Лара Крофт, а третото е резервирано од Ди.Ва.
Што се однесува до тоа од која конзола највеќе се пристапува кон Pornhub, PlayStation се ултимативните победници, со запрепастувачки 51.5%. Веднаш зад нив, Pornhub највеќе се посетува преку конзолата на Microsoft (Xbox – 34.7%), додека најмалиот дел од колачот припаѓа на PS Vita и Nintendo (3DS и WiiU).