0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2017

Како грешка во кодот замрзна 300 милиони долари во Etherium

Над 300 милиони долари се загубени по серија багови на дигитален новчаник. Намалена безбедност му овозможи на љубопитен развивач да дојде до контрола на новчаниците и по грешка да ги заклучи, пишува Guardian.

Иако средствата се од повеќе различни криптовалути, најголем дел се во Ether.

Проблемот настана откако Parity започна да го решава брзбедносен пропуст. Овој проблемот претходно на хакери им овозможи да украдат 32 милиони долари во крипто-валута. Но, додека го правеа ова, оставија безбедносен пропуст кој овозможуваше хакер да дојде до пристап до новчаниците. Поради љубопитство „devops199“ го активираше пропустот по грешка и доби сопственост над повеќе новчаници.

Кога експертие на Parity го видоа ова, во паника веднаш ги избришаа промените. Ова резултираше во заклучени новачаници со крипто валути кои не можат да се користат. Вредноста на крипто валутите се проценува помеѓу 150 и 300 милиони долари. Сепак од Parity тврдат дека станува збор за шпекулации.

Секако од Parity ќе се обидат да ги отклучат крипто валутите и можеби ќе успеат во тоа. Едно од можните решенија е „hard fork“ на Ethereum. Ова треба да овозможи враќање на крипто валутата  преку промена на кодот кој ги контролира.

Што e Ethereum?

Ethereum како и Bitcoin e blockchain кои содржи податоци за крипто валутата. Блоковите се креираат со решавање на проблеми. За разлика од Bitcoin, со копање на Ethereum се креира и мрежата која го креира, верификува, објавува и пробагира блокот.

Etherium е креиран да има значително поголема употреба од крипто-валута. Па технологијата може да се користи за сè, од игри на среќа до банкарство.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top