Новиот Chrome ќе спречува малициозно редиректирање

0 коментари 1 мин. читање

Неколкуте последни верзии на прелистувачот на Google, Chrome, се фокусирани најмногу на безбедноста на корисниците. Исклучок нема да биде ниту оваа надградба, во која Google ќе се обиде да го запре автоматското редиректирање до малициозни веб-страници.

Девелоперите ќе се обидат да ја ограничат и праксата на измама на корисниците да кликнат на некој лик.

Од верзијата на Chrome 64, корисниците ќе останат на истата страница откако ќе кликнат на редирект линк. Прелистувачот ќе го извести корисникот за ова и на десктоп и на мобилната верзија на Chrome. Од следната верзија (Chrome 65) „триковите“ кои го отвораат линкот кој го притискате во друг таб, а на веб-страницата се отвора друга содржина, нема да функционираат.

Дополнително, Google отвора и Abusive Experiences Report кој на овие страници ќе им овозможи период за отстранување на проблемите. Ако 30 дена по пријавите не биде отстранет проблемот, овој сајт нема повеќе да отвора нови табови или прозорци, обаснува 9to5google.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top