Семејството Вогелман поседува имот од во близина на Потвин последните 100 години. Гратчето се наоѓа во руралниот дел на Канзас и според сè треба да биде идилично место. Имотот е над 1.6 км оддалечен од првите соседи, а на него има фарма, пасиште, стар овоштарник, два амбари и сè друго што е потребно.
За жал поради глич во начинот на мапирање на IP-адреси ова не е случај. Последните 10 години семејството Вогел е обвинувано за кражба на идентитет, спам и измама. Семејството Вогел го издава имотот, а луѓе ги „документираат“ нивните кираџии. Причината за сите проблеми започнува во 2002 година, кога компанијата MaxMind започнува со напори физички да ги мапира IP-адресите, вели Splinter.
Најголемиот проблем при мапирањето е изборот на MaxMind да ги заокружи координатите на цели броеви. Така наместо вистинскиот географски центар на САД 39°50′N 98°35′W, компанијата го искористи 38°N 97°W. Проблемот е што за секоја IP-адреса од САД која компанијата не можела да ја идентификува, системот ги доделува овие координати. Како последица на ова 600 милиони адреси се лоцирани на овие координати. За жал, дел од IP-адресите поврзани со локацијата се поврзани со измамници, спамери, онлајн криминалци и што уште не. Заокружените координати се наоѓаат на имотот на семејството Вогелман.
„Во ова време одбравме ширина и должина во центарот на државата, не ни текна дека луѓето ќе ја користат базата да ги лоцираат физичките адреси. Секогаш гледавме на тоа дека базата ја одредува локацијата со точност до градот или поштенскиот код. Никогаш не сме тврделе дека може да го прецизираме домаќинството“, вели Томас Матер, ко-основач на MaxMind.
Набрзо започнале и телефонските повици и „посетите“ на имотот.
Повиците започнале во 2011, и очекувано од самиот почеток биле нервозни и гневни.
„Првиот повик дојде од Конектикат. Се јави маж кој беше бесен бидејќи компаниската имејл адреса му е преполна со пораки. Неговите клиенти не можеле да му пратат порака. Ми кажа дека проблемот е на адреса на фармата“, вели 82 годишната Тејлор Вогелман.
За жал проблемот во годините кои следеле се интензивирал. Речиси секојдневни гневни повици и барања за решавања на проблеми кои семејството не може да ги реши.
По носење на законите со кои Google, Facebook и останатите компании мораа да ги достават физичките адреси до истражните органи, на врата на семејството Вогелман започна да „тропа“ и Федералното истражно биро.
„Освен срамот кога истражните органи прават претес во мојот дом, загрижена сум и за својата безбедност ако некој дојде до мојот дом поради погрешните податоци. Се чувствувам како да седам на бомба“, вели г-ѓа Вогелман,
Благодарение на текстот на Splinter News кошмарот на семејството веројатно конечно ќе заврши. Основачот на MaxMind најави дека работат на промена на адресите. Што се однесува на период, веројатно ќе потрае од една недела, до неколку месеци.