0 коментари 3 мин. читање 14 јануари, 2019

Дали иднината на телевизорите е во модуларноста?

Ако на минатогодишниот CES кај телевизорите фокус беа огромните димензии, оваа година ова не е случај. Најинтересниот уред кој го видовме оваа година е 75-инчниот MicroLED телевизор на Samsung.

Секако 75-инчи не е мал телевизор, но претходниот телевизор со MicroLED технологија беше 219-инчниот The Wall. Она што е интересно е дека Samsung успеа да ги намали овие телевизори. MicroLED технологијата ќе овозможи подолготрајни екрани. Екранот е составен од неоргански LED чипови кои емитираат црвена, зелена и сина светлина. Овие микроскопски елементи го осветлуваат секој пиксел од дисплејот. За овие ќелии не е потребно осветлување, што овозможува подобар контраст. Најголема предност на технологијата е издржливоста, за разлика од сегашните OLED телевизори, новата генерација е многу поиздржлива. Дополнително, на овие екрани не им е потребна ниту најтенка рамка.

Секако ако поголемиот MicroLED телевизор доаѓа со името The Wall, веројатно е соодветно помалиот да доаѓа со името Window.

Иако импресивни, овие „едноделни“ телевизори не беа најинтересниот дел на CES, кога оваа технологија е во прашање. Модуларните телевизори кои Samsung ги претстави се веројатно највозбудливото нешто во овој сектор во веќе подолг период. Екраните се составуваат од помали коцки кои може да се распоредат најразлично. Спојот помеѓу овие модули е забележлив од поблиску, но на растојание над 2 метри повеќе не може да се забележи.

На видеото подолу може да погледнете како техничарот спојува повеќе екрани во единствена коцка.

Засега цената на Wall телевизорите е непозната, но поважно не е познато ниту дали телевизорот ќе биде во масовно производство или ќе им биде достапен на дел, одбрани корисници. Помалиот Window модел ќе биде достапен за широка продажба, пренесе AnandTech.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top