0 коментари 3 мин. читање 18 октомври, 2018

Како емотиконите станаа главна вест

Во време на климатски промени, бегалци, државни влијанија преку друштвени мрежи врз избори, лажни вести, мора да е бавен ден во редакциите на дел од медиумите кои пренесуваат промени на емотикони.

Минатата недела CBS ја пренесе веста за „контроверзноста“ на емоџи ѓевречето на Apple („Bagel“ не е баш ѓеврече ама…). Можеби поголемо изненадување од самата вест се реакциите на луѓето. Првата работа која ја забележаа и која ја коментираа е дека ѓевречето е празно, а тоа е неприфатливо. Па не лични на вистинско ѓеврече, па рабовите се идеален круг, неприфатливо; па сечењето идеално, неприфатливо! Поради овие протести Apple по неколку дена го промени оригиналниот изглед. Сликата на ѓевречето и не е воопшто лоша, веднаш се приметува што е и ако сакатe да скратите од збор со 5 букви на 1 слика барем е лесно да се забележи. Секако празното пециво е неприфатливо за ентузијастите и мораше да се промени.

Ова и не е најтрагичниот дел. Пецивото на Apple не е прво емоџи кое се менува по „итна“ постапка. Минатата година истото се случи со „чизбургерот“ на Google. Проблемот тогаш беше што артистот на Google го поставил кашкавалот најдолу. Веста не само што беше пренесена од медиумите, туку беше и дел од главните вести. Кризата со чизбургер за дел од медиумите тогаш беше далеку поважнa вест од било што друго. Иако главна причина за ова е обидот да се прескокнат други, понепријатни вести.

Ова дури и не е прв пат Apple да има проблем со емотиконите. Компанијата претходно имаше проблем со „paella“-емотиконот поради грешни состојки прикажани на сликата, потсети Emojipedia.

Добра вест е дека под притисок на јавноста се направени промени. Лоша вест е дека прашањата се толку бесмислени што е депресивно и што воопшто некој размислува за ова. За среќа, и за спокој на љубителите на полнети „ѓевречиња“ Apple оваа недела ја објави новата слика на полнето „ѓеврече“. Полнењето е со сирење и се надеваме дека љубителите на други филови нема да ја чувствуваат неправдата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top