Минатата недела Facebook го претстави своето прво парче хардвер, Portal – дисплеј за видео разговори. Друштвената мрежа тогаш им ја гарантираше приватноста и безбедноста на корисниците, но и вети дека податоците од Portal нема да се користат за прибирање податоци.
Без поминати 10 дена оттогаш, и со уште свежи вести за пробивањето на безбедноста на околу 30 милиони корисници, Facebook одлучи дека е потребна уште една причина да се намали довербата. Друштвената мрежа објави дека сепак собира податоци од Portal. Податоците се исти како и податоците кои ги собираат од Messenger.
Поголемиот проблем секако е што Facebook минатата недела тврдеше дека не собира никакви податоци. „Никакви податоци не се собираат преку Portal. Ниту податоци од повиците, ниту за користење на апликации, ниту дека сте слушале музика на Spotify“, изјавија за Recode. Оттогаш некој работи или се променија или станаа појасни, па Recode мораше да ја демантира првата вест.
Сега Facebooк објасни дека Portal за видео разговори ја користи истата инфраструктура како и Messenger што значи дека сепак некои податоци се чуваат. Должината на повиците, колку често корисникот разговора и овие податоци потоа одат на обработка кај сервисот за рекламирање. Чекор понатаму, дека сепак не станува збор за превид покажува и фактот што ова не се единствените податоци кои ќе се анализираат за реклами. Поточно, најверојатно речиси сè ќе се користи за реклами.
Засега Facebook тврди дека нема да прикажува реклами на Portal, иако компанијата потврди дека на екранот има можност да се појават реклами.