Поголемиот дел од нас не водиме сметка при полнењето на паметните телефони и обично ги користиме сѐ додека батеријата не „падне“ на критичните 5%, а потоа ги приклучуваме на полнач и ги оставаме така цела ноќ. Но, доколку го полните паметниот телефон на паметен начин, би можеле не само да го намалите времето на полнење туку и да го продолжите животот на батеријата.
Она што советуваат експертите е секој пат кога батеријата ќе падне на ~25% да ја приклучите направата на полнач и да ја оставите да се полни до ~85%. Кратки надополнувања за десетина проценти или осумчасовно полнење додека спиете целосно да се избегнува. Црпење на последните 10% од батеријата или пак максимално полнење до 100% се додатен стрес на батеријата. Но, за подобра адаптација, се препорачува еднаш во месецот или во два месеци батеријата целосно да се испразни и стопроцентно да се наполни.
Исто така, треба да се земе во предвид дека и надворешната температура има силно влијание и би требало да ја полните батеријата на собна температура и подалеку од топлотни извори и изложување на сонцето.
Во случај да приметите дека батеријата се полни побавно од вообичаеното, сменете го кабелот или адаптерот за полнење. Во овие ситуации треба да се земе во предвид дека за брзо, односно нормално полнење на мобилниот, направата за полнење треба да дава еден ампер струја.
Земање предвид на горните совети ќе допринесе вашата lithium-ion батерија перфектно да функционира и до три години, а доколку сте по долги прошетки низ природата дефинитивно не заборавајте го и вашиот соларен ранец!