Како да проверите кој .mk домен е слободен?

0 коментари 1 мин. читање

{mosimage} Доколку правите свој сајт, сигурно ќе сакате интересно име на вашиот домен. Но, бидејќи многу .mk домени се веќе зафатени, ќе треба да најдете некоe слободно име. За таа цел подолу ќе најдете неколку сајтови кои можете да ги искористите во потрага на перфектен домен.

delicon.mk/domeni

Ова е „тазе“ апликација направена од Даниел Брзанов. Оваа веб апликација е навистина лесна за користење. Само откуцајте го името на доменот и видете дали е слободен. Едноставно и корисно.

{mosimage}

Регистарот на MARнет

МАРнет е агенцијата задолжена за .мк домените, па затоа кога пребарувате домени во регистарот на МАРНет добивате голем број информаци за доменот, кој го регистрирал, контакт за регистрантот итн. Корисно.

{mosimage}

MKhost преглед на домени

MKhost има свој пребарувач на регистрирани домени. За овој пребарувач ќе мора да ја штиклирате наставката на доменот што при одредени пребарувања дава проблем, пример, неколку штиклирани домени и при секое пребарување мора да се откуца безбедносната шифра. Корисен пребарувач на домени, но треба малку да се среди.

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед