Неодамна Facebook претстави нови опции за приватност, односно овозможи полесно контролирање на што споделувате со кого, но и претстави опција да одобрите кога некој ќе ве означи на слика или во пост и дали тој пост да се појави на вашиот ѕид.
Некако типично за Facebook, опцијата за контрола на тагирањето останува заглавена меѓу купиштата други опции за приватност и без да биде збунувачко. Но без грижа, полесно е од што мислите.
- Под Account отидете на Privacy Settings (мак. Корисничка сметка -> Подесување на приватноста)
- Тука ќе ги најдете новите опции. Отидете на How Тags Works и кликните Edit Settings (мак. Означување -> Измени ги опциите)
- Во новиот прозорец имате Tag Review (мак. Одобрување на ознаки) што овозможува да ги контролирате таговите кои пријателите сакаат да ги додадат на вашите постови, и Profile review (мак. Одобрување на објави) за да одобрите постовите во кои сте означени да бидат објавени на вашиот профил.
Tag Review е вклучена по зададено, но не и Profile Preview. Разликата меѓу двете е што Tag Review се однесува на тагирање на ваши постови, додека Profile Review се однесува на туѓи постови каде сте тагнати, па е потребно да одобрите дали тоа може да се постира на вашиот ѕид.

Kога ќе бидете тагнати ќе добиете нотификација дека некој ве означил во пост или фотографија, и дека е потребно да одобрите дали се согласувате со означувањето, односно дали се согласувате да се појави тој пост и на вашиот ѕид. Сите означувања што чекаат одобрување се наоѓаат во ново мени Pending post под Wall на вашиот профил.

Со овие две опции барем ќе бидете во контрола на тоа каде се појавувате низ друштвената мрежа. Добро е и да наместите сите нотификации да ги добивате и на мејл или преку SMS (преку Account Settings -> Notifications) за да можете веднаш да проверите што се случува со вашиот профил.










kako se objavuva pesna od youtube na noviot fb?