Како AI и популарноста на Tailwind го уби бизнисот на неговиот развивач

Пред скоро два месеци Твитер и Гитхаб гореа од драмата што се случуваше со Tailwind. Чекав да спласне „Хајпот“ за да го кажам моето видување на сето ова.

За оние кои не испратија што се десило. Накратко, некој во 2024 година отворил issue на Гитхаб со предлог: направете ја документацијата еден единствен фајл, за да можат АИ агентите полесно да ја консумираат. Коментарите соподржка и лајкови еден куп. Сите задоволни и со поддршка за предлогот. Се додека не се појавил самиот фаундер и не напишал долг, болен и искрен одговор во кој фино лепо објасни како стојат стварите.

Бројките кои болат

Адам морал да отпушти 3 од 4 програмери кои работеле на проектот. Пари има за уште 6 месеци, и тоа со претпоставка дека приходот ќе продолжи да паѓа. Што следи потоа… сè уште не знае.

А иронијата? Tailwind никогаш не бил попопуларен. 70 милиони симнувања месечно. Огромен екосистем. Производи, плагини, курсеви… абе сè цвета.

Само парите не течат.

Кој е виновникот

Бизнис моделот на Tailwind секогаш бил продажба на дополнителни компоненти. Луѓето доаѓаат на документацијата, ја читаат, и ако се мрзливи или во „гужва“ купуваат готови компоненти. Логично, чисто, функционално.

Додека не дојде АИ-то.

Денес алатите генерираат Tailwind код подобро од просечен развивач. Зошто ќе плаќаш за компонента кога ќе му кажеш на Claude или Cursor направи ми dropdown и за три секунди го имаш? Трафикот на документацијата паднал за 40% и продолжува да паѓа. Помалку читатели значи и помалку купувачи.

Популарноста и приходот тргнаа во спротивни насоки.

Ќе преживее ли Tailwind?

Самата технологија апсолутно да. Проект со такво комјунити не умира. Или ќе се најдат спонзори, или некоја голема компанија ќе го земе под крило. Веројатно второто.

Но дали Адам ќе најде модел кој работи за него лично, тоа е сосема друго прашање.

Еднократните продажби се лош бизнис по дефиниција. Купил, си отишол, повеќе не го гледаш. А новите муштерии чинат пари да се привлечат и не се бесконечни. Затоа скоро сите проекти порано или подоцна се префрлаат на модел со претплата.

Проблемот е кога АИ-то ти го јаде единствениот производ, тешко е да смислиш нова претплата за нешто што луѓето веќе добиваат бесплатно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk