0 коментари 1 мин. читање

Кајгана со нов изглед

{mosimage}Еден од најпопуларните македонски забавни портали кој веќе три години е присутен на веб просторот, вчера го претстави својот нов изглед кој тежнее кон последните веб 2.0 трендови. Порталот Кајгана иаку со нов дизајн, сепак ги задржува главните стари и добро познати категории, но сега малку подсредени и надополнети.

Главните измени вклучуваат тоа што порталот е со потемна боја (нијанси на црна и сива и портокалова), сториите се листаат со поголеми слики, а последната вест добива највеќе внимание преку истакнување на голема слика, и сега содржините можат да се споделуваат преку популарните сајтови за разгласување како Кајмакот, Digg и други, и уште нешто што дефинитивно е забележително е додавањето на малку посериозни вести од оние "стандардни" забавни содржини кои ја одликуваа Кајгана порано. Треба да се истакне дека сега порталот има овозможено и РСС канали.

Овој чекор е за пофалба, а воедно и повик до сите останати популарни портали, веб страни и веб сервиси на македонскиот веб простор да се вклучат во следењето на таканаречениот веб 2.0 тренд и да ги подобрат искуствата на своите посетители.

{mosimage}
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top