Amazon.com ја тужи државата Њујорк

во Свет

{mosimage}Популарната онлајн компанија Amazon.com вчера поднесе тужба до државата Њујорк заради изгласување на закон кој бара од интернет компании лоцирани надвор од оваа држава да пријавуваат данок при секоја продажба. Со ваквиот чекор, државата Њујорк се очекува да се збогати со над 50 милиони US долари до крајот на 2008.

Новиот закон се однесува на компании кои немаат никакво физичко присуство во оваа држава и имаат промет од над 10.000 долари кој потекнува исклучиво од остварени продажби на граѓани на Њујорк.

Овој закон ги изненади надворешните компании како Amazon, кои досега наплаќаат даноци според државата во која физички се наоѓа компанијата, за Amazon.com тоа е државата Вашингтон, и не очекуваа да наплаќаат даноци и според законите на другите држави во САД.

Amazon за овој закон вели дека е неоснован, нефер и дека ги прекршува основните права дадени преку американската конституција. Од другата страна пак, Државната администрација за финансии и даноци на државата Њујорк нагласи дека ваквите промени се потребни во ова модерно време во кое живееме.

Во меѓувреме, овој нов данок заради големото внимание на тужбата од страна на Amazon, го носи прекарот "Амазон данок".

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk