До каде е драмата помеѓу Wargaming и јутуберот SirFoch?

World of Tanks е една од најпопуларните бесплатни-за-играње игри со тенкови, особено сакана и од македонските играчи, но, неодамнешен инцидент не само што беше осудуван од бројните критичари туку и значително ги разочара поголемиот дел фанови. Имено, откако студиото Wargaming го исфрли ултра силниот Chrysler K Grand Finals премиум тенк по цена од неверојатни 80 долари, јутуберот SirFoch користеше исклучително непристоен речник за да ги претстави Wargaming како алчни луѓе кои на бесрамен начин воведуваат возила чија борбена моќ е директно врзана со вашиот паричник. Wargaming дефинитивно не беа импресионирани од таквата пропаганда, и претставник од нивниот тим не само што го исфрли јутуберот од елитниот програм за доприос кон заедницата туку и му го блокира видеото од YouTube со објаснување дека ги нарушувал нивните авторски права, што е се само не вистина.

Тенкот Chrysler K Grand Finals кој во комбинација со муницијата која исто така се купува со вистински пари знае да биде незапирлив

До вчера, Wargaming ги бранеше таквите агресивни акции и го осудуваше јутуберот за користење речник за подбуцнување омраза и хомофобија, нешто што исто така е крајно дискутабилно и отворено за различни толкувања. Денеска, меѓутоа, Wargaming решија да ја сменат стратегијата.

„Реагиравме премногу брзо и претеравме со заканата да му го отстраниме видеото преку поднесување поплака за кршење авторски права. Поради тоа, се извинуваме.“ изјавија од Wargaming и објаснија дека „ги сакаме нашите играчи и сите соработници, ја цениме нивната искреност и посвета – и самите се трудиме да го искористиме овој инцидент за да се подобриме“

Оваа изјава беше дадена само неколку дена откако Wargaming се удираа во гради и велеа како „Ние сме повеќе од спремни да им дадеме на членовите од нашата заедница втора шанса, но има одредено ниво на токсичност и навредлив речник кој едноставно не е прифатлив“.

Џим е еден од бројните видни критичари кои целосно ја осудија постапката на Wargaming

Ако нешто може да се извлече од сево ова, тоа е како лесно се менуваат одредени убедувања во моментот центарот на вниманието добива негативна конотација и кога поголемиот процент од критичари и гејмери ќе се згадат од злоупотреба на системи за да се сопре критичкото мислење. Точно е дека SirFoch не бираше зборови во неговото излагање, но фактот е дека Wargaming се покажаа крајно непрофесионални и искористија алатка за штитење авторски права за поништување содржина во која имаше само употреба на навредлив речник.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk